Денеска е Задушница, утре- Духовден

Колони од возила и река од граѓани утрово се упатија кон градските гробишта да ги посетат вечните домови на своите најблиски .Овој ден – Задушница, црквата го одредила за помен на покојните. Верниците одат на гробишта, а свештениците се молат за душите на покојните. По обичај, верниците на овој ден, за покој на починатите души раздаваат храна и бардачиња. Утре православната црква го празнува Духовден. Големината на овој празник е слегувањето на Светиот дух на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој чин на празникот Духовден се смета за основање на христијанската црква. Духовден кај верниците во кумановскиот регион е поврзан и со ноќното бдеење на гробиштата. Иако свештените лица посочуваат дека овој чин не е белег на православието, сепак кај нас, а особено последниве години е традиција преку ноќ да се седи на гробиштата со надеж дека во некој миг од ноќта ќе се види покојниот. Кумановци генерално го оправдуваат ноќното бдеење.

Што се однесува до ноќното бдеење на гробиштата, од јавното претпријатие „Чистота и зеленило “ веќе апелираа да се почитуваат правилата на градските гробишта за овозможување на непречено посетување на граѓаните на гробните места, а тука се мисли и на фрлањето ѓубре и разни отпадоци во корпите и контејнерите, а не покрај нив, како што знаат да прават некои несовесни кумановци. Инаку, првиот ден од Духовден е и ден на Света Троица, а според верувањата на овој ден не се оди на гробишта.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)