Деновиве ќе започне санација на ѕидот во „Кочо Рацин“

„Не случајно е отстранета училишната порта, бидејќи за некој ден е планирано да започне санација на потпорниот ѕид“, истакна директорката на основното училиште Кочо Рацин, Лидија Пешевска, демантирајќи ги наводите на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ дека не се грижи за одржување на оваа образовна институција.  Според неа прес-конференцијата е пример за злоупотреба на воспитно-образовниот процес во политички цели.

-Искрено многу ми е жал што преставниците од Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ не воспоставија никаков контакт со мене како директор на ова училиште не побараа објаснување, информација, одговор, што доведува до заклучок дека целата оваа работа нема за цел подобрување на условите за престој и работа на учениците туку е директен атак кон училиштето како институција, мене како раководен орган и локалната власт-истакна таа.

Пешевска додаде дека токму за овој проблем се расправало  неколку пати претходно, но и на вчерашниот состанок со советот на родители.

-Да точно пред две недели учениците се вратија во училишните клупи, и сите вие сосема сте во право учениците во нашето училште постигнуваат извонредни резултати за што зборуваат бројни регионални меѓунардони државни натпревари што е гордост на нив и нивните семејства но е еден сигурен показател за успешна работа на нашите наставници и училште. не случајно ова училиште е прогласено за едно од најдобрите и е оценето со највисока оцена во Македонија и најуспешно во нашата држава-додаде таа.

Претседателот на совет на родители посочи дека изминативе години со неколку акции придонеле за подобрување на состојбата во институцијата.

-Тој еден ѕид кој треба да го санираме веќе се најдени спонзори тоа се луѓе кои се добронамерници на ова училиште кои сакаат да го помогнат нашиот процес, не сме политички ориентирани кога се во прашање децата, политиката тука нема место, нашата идеа е да помогнеме колку што можеме. Ако поминеме во кој било двор во ова маало и град секако ќе видиме недостаток. Училштето е голем дом има многу моменти за санирање ние сме тука да го подржиме тоа-додаде тој.

Преседателот на совет на родители информираше дека градоначалникот но и други граѓани ветиле дека ќе помогнат во санацијата.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)