Денови на чешката култура во Куманово

Во Уметничката галерија синоќа се одржа манифестацијата Денови на чешката култура во Куманово, која е во организација на амбaсадата на Република Чешка, општина Куманово и националната установа Музеј Куманово. Присутните имаа можност да видат дела од изложбите Спомениците на УНЕСКО во Република Чешка, Големите Чеси низ очите на малите, како и избор на творби на македонските учесници на Меѓународниот детски ликовен натпревар Лидице и чешки учесници на Меѓународниот детски ликовен натпревар 13-ти ноември.  На настанот присуствуваше и амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш кој истакна дека му е чест што повторно е во Куманово.

-Го избравме Куманово бидејќи го познаваме вашиот град, училиштето Браќа Миладиновци таму веќе имавме некоја изложба се сеќаваме дека таму се деца кои учествуваат активно во меѓународниот натпревар Лидице така се вративме повторно тука за да во ова бурно време дојдеме да поразговараме за нешто друго да не е политика, сакавме култура да покажеме слики од деца, филм-изјави амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш.

Културниот настан „Денови на Чешката култура во Куманово“ е резултат на успешната и плодна соработка на општината со претставници од странски држави.

-Да изразам задоволство до амбасадорот кој е наш пријател и ни дава поддршка и за политичките состојби да издржиме во градење на демократија, прогресивно, просперитетно општество во однос на нашите заложби и во културните сегменти, така што денеска ние тоа го подржуваме и ќе уживаме во овој настан-истакна градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Дејан Ѓорѓиевски од националната установа Музеј Куманово посочи дека поврзаноста на република Чешка  со државата и заедничките личности кои дале свој придонес во формирањето на културите на двете држави, треба да бидат поттик за продолжување на меѓусебната соработка. Воедно тој изрази задоволство од континуираната соработка со општината.

По отворањето на изложбата присутните имаа можност да го проследат и новито чешки филм Кирил и Методиј Словенските апостоли, кој е со македонски превод.  Кумановци беа почестени и со традиционален чешки пијалак.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)