Денот на Европа одбележан во Куманово

Со богата културно уметничка програма денеска во Занаетчискиот дом се одбележа 9-ти мај, Денот на Европа. Годинешното мото на манифестацијата е „Негуваме исти вредности“. Традиционалниот настан го организира ЕУ Инфо Точка при Општина Куманово.

 

Пред присутните се обрати градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој истакна дека заложба на општината е европско Куманово, кое ќе биде современо, развиено и високо рангирано. Дополни дека благодарение на европските фондови се реализирани неколку проекти во градот.

-Реалноста е дека имаме сериозни инфраструктурни проблеми кои сами со сопствени средства не можеме да ги решаваме. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите институции кои доаѓаат од Европската унија која е најголемиот донатор во нашата држава, за сите средства кои ни ги даваат на располагање. Ќе набројам во последните години само неколку проекти каде заедно со наши партнери од регионот Косово, Бугарија, а се надевам и во иднина со останатите соседи реализираме конктрени проекти. Еден од нив е реконструкција на градскиот пазар,  а исто така работиме и за реконстуркција на поранешниот хотел Солун и создавање на простор каде невладиниот сектор ќе може да работи непречено-посочи тој.

Учениците од основните и средните училишта кои следат настава на македонски и албански јазик, со неколку композиции ја збогатија манифестацијата.

Коментари

коментар(и)