Денот на жената одбележан и во кумановската гимназија

Со музичко-поетска приредба под мотото „Жена и се е можно“ учениците од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во соработка со чллновите на Друштво на писатели Куманово денеска го одбележаа Меѓународниот ден на жената.

Целта освен на ваквата традиционална манифестација освен да се одбележи празникот на понежниот пол е и да се негува убавиот македонскиот јазик преку убавиот пишан збор.

Жената всушност е двигател на светот, поради тоа што од неа сите активности почнуваат и завршуваат, таа е мајка, жена, работник и се што може да биде еден човек, жената е се во едно и затоа жената треба да сепочитува, може да биде паметна колку сака, може да биде убава колку може, но почитувана и своја мора да биде – изјави Божана Трајковска, Здружение на пистали Куманово.

За разлика од изминатите години кога со стихови од странски и домашни автори, песна и музика учениците го честитаа празникот на припадничките на понежниот пол, годинава приредбата ја збогатија и со драмски перформанс.

Иницијативата, односно идејата дојде од нашите ученици. Секоја година 8ми март го одбележуваме преку литературно читање, музика и песна, оваа година дојдоа учениците на идеја да направат кратка драматизација и ние ја прифативме како нивни професори и ментори и беше прекрасно. Жената е магија, таа во себе обединува убавина, нежност, топлина, љубов знаење, умеење, професионалност, внимание и рамноправност, 365 дена во годината – изјави Соња Тодоровска, заменик директор на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

Со свој музички настап програмата ја збогати и Елена Трпковска, која изведе две македонски песни пред присутните во училишната галерија.

Моето училиште организираше свечена манифестација за да се прослави овој убав ден, јас пеев две песни по повод оваа манифестација, едната е „Јофка кумановка“, а другата е „Две лири“ од Каролина Гочева, јас сум многу среќа што токму во моето училиште се организираат вакви манифестации посебно на овој убав ден и сакам во оваа прилика да им го честитам пранзикот на сите жени, псоебно на мојата мајка – вели Трпковска.

Литературните творци од гимназијата секоја година го збогатуваат Друштвото на писатели во градот, кој го негуваат убавиот пишан збор на литературниот македонски јазик, бидејќи јазикот е генот на постоењето на еден народ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)