Ден за високи гости на воената вежба „Одлучен удар 21“

Како дел од најголемата НАТО-вежба оваа година на тлото на Европа, благодарение на еден отворен пристап со кој се реализира Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија денеска Северна Македонија е полноправна членка на НАТО. За реализација на оваа стратешка цел за нашата држава беа потребни храбри одлуки и одважност. Денес со задоволство може да констатираме дека токму на армискиот полигон Криволак како еден од најдобрите полигони во овој дел од светот се организира вежба во која учествуваа нашите армии заедно со армиите на нашите сојузници и пријатели од САД, Грција и Бугарија.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Денот на високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“ на  полигонот Криволак на кој се презентираат офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од армиите на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф16 од вооружените сили на Грција.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)