Депонии од градежен шут во Проевце

Купишта од градежен отпад се нафрлани покрај патот кон Стара Бања па се до влезот во селото Проевце. Несовесните граѓани тука го  фрлаат шутот наместо во депонија по претходно издадена дозвола од комуналната инспекција. На овој начин ги одбегнуваат давачките кои треба да ги платат при одложување на сметот на прописното место. Случајните минувачи  и мештаните објаснуваат дека градежниот шут се фрла во доцните вечерни часови или рано наутро и со камиони се  истоварува покрај патот или во реката.

– Најверојатно навечер се фрла, највеќе  од градот не верувам дека жителите ќе фрлаат тука, вели жител на селото Проевце.

Жителите на село Проевце посочуваат дека на ваков начин се загадува излетничкото место, а препорачуваат надлежните на повеќе места да постават знаци за забрана на фрлање на смет.

– Препорачувам да стават табли со броеви каде може да се пријави зошто јас утре и да видам незнам каде да пријавам на повеќе места да се стават, ова место е хаос , објаснува граѓанин.

Жителите потенцираат дека за овие диви депонии на градежен шут е виновна граѓанската некултура но и надлежните институции кои го игнорираат овој проблем. Од комуналната инспекција пак,  објаснуваат дека по завршувањето на акцијата за расчистување на дивите депонии ќе постават знаци и ќе воведат дежурства. Инспекторите на терен веќе забележале неколку лица кои фрлаат градежен отпад на оваа локација и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)