Десетмина новозаболени кумановци од коронавирусот

Десет нови случаи на коронавирус во Општина Куманово регистрира Центарот за јавно здравје Куманово во изминатото денонќие. На ниво на државата дијагностицирани се 132 новозаболени, а бројката на смртни случаи се искачи на рекордни до сега 12 лица. Меѓу нив, нема кумановци, а возраста на починатите не е објавена од надлежното министерство.

Во последните 24 часа направени 868 тестирања, а досега во земјата вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 112 оздравени пациенти, 42  од Скопје, 40 од Штип, останатите се од Прилеп – 1, Тетово – 16,  Велес – 1, Гостивар – 5, Кочани- 2, Пробиштип – 3, Свети Николе – 2.

Од почетокот на епидимјата , бројката на заболени изнесува 6.209, а во моментов активни се 3.484 случаи на ковид 19. Бројот на смртни случаи на ниво на државцата достигна 298, а на излекувани пациенти 2.427.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)