Десетти марш за унитарна Македонија

Граѓаните вчеравечер  повторно во голем број на улиците на градот со поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Кумановци пак излегоа на улиците да кажат  „НЕ“ на двојазичноста и дебати кои , според  граѓанската иницијатива, се вовед во промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија, односно непочитување  на Уставот.

 „Дојде време да го обзнаниме четвриот Илинден.  Во сите три претходни Македонците јасно  и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние кои живеат под ова небо“ , рече по  синоќешниот протестен марш  Невена Величковска од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ .

-Бараме ниту една политичка партија во Македонија да не ја потхранува и уважува дискриминаторната политика на одредени земји, бараме ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси во туѓи држави, изјави Невена Величковска, Граѓанска иницијатива

Протестот за унитарна Македонија продолжува и наредните денови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)