Детето родено на ГП Табановце било живо

Бебето, кое што студентка од Скопје го фрли во корпа за отпадоци откако се породи во тоалет на граничниот премин Табановцe и замина на апсолвентска екскурзија  било родено живо, потврдија денеска од Основното јавно обвинителство во Куманово. Според портпаролот Зоран Марковски, истражната постапка продолжува, а наредено е и психијатриско вештачење на мајката со цел да се утврди причината заради која одлучила на ваков начин да се ослободи од бебето.

Настанот се случи на 29 март кога 23 годишната девојка која што била во седмиот или осмиот месец од бременоста ,а за која што никој не знаел ниту пак постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана, додека чекала за пасошка контрола, почувствувала силни болки во пределот на стомакот по што се упатила во тоалетот во административната зграда на царинската управа на Табановце и без ничија помош се породила. Новороденчето кое што било покриено со хартија во корпата за отпадоци било забележано утредента од персоналот на граничниот премин, по што случајот е пријавен во кумановската полиција. По интензина истрага , по прегледување на камерите и во соработка со организаторите на екскурзијата утврден бил идентитетот на мајката, која на 30-ти март  поради влошена здравствена состојба била примена во  Гинеколошка клиника во Прага . На 18 –ти април кога се вратила од патувањето студентката била приведена и однесена на дополнителни медицински вештачења, потврдија тогаш од МВР.

Скопјанката ќе одговара поради  основано сомнение дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)