Детско катче на некогашна депонија во Бавчи

Детско катче е изградено на некогашната дива депонија во населбата Бавчи. Инвестицијата е дел од проектот „Чиста околина-здрава животна средина“, кој го реализираше Центарот за ромска заедница ДРОМ, во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан, ReLoad, финансиран од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со кофинансирање на Општина Куманово. Целта на проектот кој се реализира десет месеци е да се покрене свеста на населението за зачувување на животната средина и намалување на отпадот. Целна група е ромското население кое живее во трите населби Средорек, Бавчи и Бараки. Во рамки на проектот здружението организираше и еколошки акции и еко патроли.

-Во рамките на проектот беа реализирани 16 еколошки акции со поддршка на ЈП Чистота и зеленило и учество на локалното ромско население. Обезбедивме 160 канти за домаќинства во овие ромски населби, 60 во рамки на проектот и 100 како донација на Пакомак. Беа анкетирани голем број ромски семејства, со цел да дознаеме како да се реши проблемот со дивите депонии кои се во близина на нивните куќи.  Еко патролата беше на терен 6 месеци. Преку која дојдовме до клучните одговори како настанува големата количина на отпадот која се претвора во депонија-посочи Лилјана Симонова, проектен координатор  од ДРОМ.

Последната активност на проектот е изградбата на детското катче. Поддршка за инвестицијата дале и Македонски железници. На денешното свечено отворање присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој посочи дека општината финансираме 20 проценти, а останатиот дел е од УНДП.

-Ова катче кое беше една од најголемите урбани диви депонии да се преуреди во еден детски корнер каде што ќе можат младите да го поминуваат своето време и секако да ги почитуваат и мерките бидејќи се наоѓаме во специфичен момент. Ова е само еден доказ дека со многу мали средства а со голем ентузијазам може да се направи многу. Инвестирани се околу 5.000 евра ова катче го добие овој лик и дополнително многу труд, работа, ангажман, општествена одговорност која не се плаќа со пари, но самиот момент на учество на граѓаните да го исчистат тоа што со години беше тука складирано укажува на фактот дека ќе се води поголема грижа во делот на депонирање на отпадот-нагласи градоначалникот на Куманово.

Димитриевски апелираше до граѓаните да се однесуваат одговорно, да не исфрлаат смет на дивите депонии. Тој посочи дека општината ќе продолжи да соработува со невладиниот сектор и да дава поддршка на ваквите проекти.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)