Дечиња од „Ангел Шајче“ ја посетија Шпаркасе банка

Триесетина деца од објектот Славејче при градинката Ангел Шајче денеска по повод Месецот на штедење ја посетија експозитурата на Шпаркасе банка во Куманово. Најмалите имаа можност да влезат во банката, да се запознаат со начинот на штедење, но и да добијат скромни подароци. Вработените истакнаа дека најмалите се добредојдени кај нив, бидејќи какошто велат Шпаркасе е банка на целото семејство.

-Ние за најмалите мислиме подееднакво како и за постарите клиенти така што Шпаркасе банка го има најдобриот продукт детско штедење којшто се вика Медо штедо за отворање на самата штедна книшка банката се грижи за децата да добијат и подарок, касичка доаѓаат заедно со своите родители, и уште од најмали нозе ги учиме децата да штедиме, зашто како што видовме сите имаат некоја желба  нешто да си купат за да можат да си ја остварат со детското штедење можат да си купат се што ќе посакаат-изјави . Маја Ѓеорѓиевска, раководител експозитура Куманово.

Од објектот Славејче се заблагодарија на тимот што ги поканил на вакво дружење. Тие истакнаа дека и покрај големата соработка којашто ја имаат со бројни институции во градот, ова е за прв пат дечињата да имаат можност да влезат внатре и одблизу да се запознаат со банката.

-Ова е начин, прилика да им се покаже, да им се овозможи како тие најдобро да осознаат што е тоа штедење. Слушаат, знаат, учат меѓутоа ова е убав начин да им се покаже. Ги видоа касичките слушнаа која е тој начин да се штеди им објаснија дека тоа е начин како да заштедат пари за својата иднина. Ние сме благодарни што имавме ваква можност се надевам дека оваа сорабтока ќе продолжи и понатаму ќе имаме не само посети во месецот на штедење туку и друг пат кога ќе не повикаат-посочи Ивана Николиќ, воспитувач.

Од Шпаркасе банка информираа дека скоро во сите експозитури на ниво на државата организираат вакви настани, со цел децата да влезат во нивниот објект, да се начинот на отворање штедна книшка и од мали нозе да се учат на штедење.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)