ДЗР го објави конечниот ревизорскиот извештај на „Чистота и зеленило“

Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај на jавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово.

Во клучните утврдени состојби се наведени неправилности при пресметка и исплата на плати за вработени во претпријатието, обврски кон Буџетот на Општина Куманово во износ од 121.838 илјади денари по основ на надомест за одржување јавна чистота, како и неправилности во јавната набавка на средство за одмрзнување.

Во извештајот е изразено неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2020 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политиkи, стои во апстрактот од конечниот извештај.

Коментари

коментар(и)