ДЗС: Попишани вкупно 1.832.696 лица

Пописот на население, домаќинства и станови во Северна Македонија официјално заврши, а на него се попишале вкупно 1.832.696 лица, соопшти вчеравечер директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Дополнително на Пописот биле регистрирани 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Симовски соопшти дека со примената на новите технолошки алатки се овозможило ефикасно следење на Пописот.

Во дијаспората се самопопишале 204.805 македонски државјани, најголемиот дел од нив од западно-европските држави, а многу помалку во прекуокеанските земји.

Податоците од Пописот 2021 ќе се обработуваат во следните шест месеци, а според Симовски, очекувањата е целосните резултати да бидат објавени до крајот на март 2022-та година.

Последниот Попис во Северна Македонија беше одржан во 2002-та година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица.

Коментари

коментар(и)