Диаверум Куманово го одбележа Меѓународниот ден на медицинските сестри

Дијализниот центар Диаверум во Куманово симболично од 12-ти Мај -Меѓународен ден на медицинските сестри  започна со користење на нов внатрешно развиен систем TGS (Treatment Guidance System), кој ќе го користат медицинските сестри  и има за цел медицинската сестра да поминува повеќе време со пациентот за време на дијализниот третман. TGS ќе се користи на секое дијализно место преку таблет.

Предностите што го нуди ова технологија е автоматско собирање на податоци директно  од машината за дијализа, сестрата помалку губи време за внесување податоци на хартија или комјутер,се обезбедува високо ниво на точност на податоците ,  поефикасен начин на работа за медицинските сестри.

Ова модернизирање на процесите во клиниката обезбедува одличен квалитет на дијализниот третман и ефикасна индивидуализирана грижа за пациентот.

Дека Диаверум има визија и цел е и долгогодишната соработка со средното училиште „Наце Буѓони”. На Денот на сестринството преку предавање на медицинската сестра Магдалена Величковска, идните медицински сестри и техничари се запознаа со улогата на медицинската сестра во процесот на хемодијализа, соопштуваат од Диаверум.

Меѓународниот ден на медицинските сестри се прославува во целиот свет на денот на годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингел.

Оваа година Меѓународниот совет на сестри (ИЦН) ја избра темата – „Mедицински сестри – Глас што води, Визија за идната здравствена заштита – Истражувај и забележувај“.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)