Диамед Куманово во нов објект по светски стандарди

Диамед Куманово од денеска официјално во нов објект лоциран на улицата Теофан Економов број 51. Дијализниот центар во Куманово работи по најсовремените светски стандарди по кои што работи Диаверум групацијата со цел да се обезбеди покомфорен третман за пациентите и подобри работни услови за вработените во здравствената установа, истакна денеска по отворањето на Диамед Куманово, генералниот директор на Диаверум Македонија, Димитар Клисаровски.

-Дијализниот центар во моментот има капацитет за 35 дијализни места што значи имаме капацитет да примиме 140 пацинети за дијализа,  моментално во две смени работи, а моментално ние имаме 87 пацинети односно користиме 28 дијализни места. Ова е дополнителен чекор за нашата компанија во рамки на нашата мисија да обезбедимподобри услови за живот за пацинетоите кои што одат на дијализа, изјави Димитар Клисаровски,  генерален директор  на Диаверум Македоинја

Со дијализни третмани во новиот објект во населбата Гоце Делчев е отпочнато од понеделникот, а денеска го официјализиравме отворањето, посочува менаџерот на Диамед Куманово ,Фросина Ефремовска.

-Во Диамед Куманово работат триесетина луѓе,  медицински  и технички персонал кои што опслужуваат  87 , односно од денеска 88 пациенти. Диамед Куманово нуди нега, грижа и безбедност за да се изврши дијализниот третман, изјави Фросина Ефремовска , менаџер на Диамед Куманово

Шведски Diaverum влегува на македонскиот пазар преку преземање на П.З.У.„Диамед Македонија “. Овој центар оперира со 9 дијализни центри, 2 во Скопје, останатите во североисточниот дел од државава, повеќе од 9 години, кога доби на еден од двата јавни повика. Тендерот е со траење од 20 години, односно до 2034 година.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)