Дива депонија во центарот на градот

Дива депонија е создадена на преминот од улицата „Илинденска“ кон „Гоце Делчев“, поточно на местото кадешто некогаш се наоѓаше барака на „Житомел“. Несовесни граѓани и станарите од околните згради, фрлаат најразновиден отпад и градежен шут, иако на само неколку метри има поставен контејнер. На ова фрекветно место секојдневно поминуваат голем број кумановци, кои најчесто го користат преминот за да го посетат Градскиот пазар. Тие велат дека и покрај неколкуте акции за чистење, на оваа локација речиси постојано е расфрлан отпад. За дел од нив,  постоењето на депонија е нормална појава, а другите пак се срамат поради менталитетот на народот и неажурноста на институциите. 

-Често поминувам, тоа е македонски менталитет. Мислам дека граѓаните фрлаат ноќно време, треба да се работи на свеста, оди татко фрла на земја по него детето и тоа фрла. Децата не се воспитуваат, далеку сме од културата-велат граѓаните.

Кумановци нагласуваат дека ваквите диви депониии претставуваат грда слика за градот. Тие сметаат дека за ова се виновни надлежните институции, но и самите граѓани.  Од комуналната инспекција објаснија дека тие постојано се на терен  и работат на решавање на проблемите. Потенцираа дека во градот има неколку вакви депонии, а конкретно на оваа локација имале неколку акции за чистење, но по кратко време местото повторно е преполнето со смет. Тие додадоа дека во наредниот период ќе имаат засилени акции и дека инспекторите ќе ги казнуваат сите лица кои фрлаат отпад.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)