Дивите продавачи им го земаат лебот на тезгаџиите

Пазарџиите кои имаат тезги на Зелениот пазар, мака мачат со нелојалната конкуренција која постојатно им го зема лебот. Нелегалните продавачи распослани на тротоарите пред влезот и излезот, продаваат без никаков проблем, на штета на земјоделците, кои уредно плаќаат месечно по 50 евра за закуп на тезга. На самата улица може да се најдат компири, патлиџани, пиперки, зелка, краставици, односно различни земјоделски производи. Освен што им предизвикуваат штета на трговците, тие го пропречуваат и движењето на улицата, но и значат загуба за финансиското работење на јавното претпријатие Пазаришта. Продавачите велат дека едвај преживуваат.

-Не сме задоволни воопшто од продажбата, надвор многу се продава, внатре само плаќаме тезги а робата си стои се, се суши и го фрламе, пак утре и секој ден така. Јас што сум произведувач работи во нив, ѓубре, гориво, трошоци а дојдам тука и ништо не можам да извадам-вели една продавачка.

-Тие се нонстоп надвор, купуваат роба, препродаваат ние како што гледате, седиме, правиме муабет, дојде инспекција, полиција ги избрка половина час не се тука, тогаш се забележи. Ние  произведуваме и фрламе, полниме контејнери, сега почнува сезоната за пиперки, тие ќе продаваат ние не, да излеземе веднаш ќе не фатат, и ќе не запишат, казна се плаќа еве тезгите се оставени и надвор продаваат-додава друга.

Трговците додаваат дека помагаат акциите за отстранување на нелојалната конкуренција, но само за кратко време, бидејќи утредента повторно се враќаат.

Раководителката на секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово, Вера Лазаревска истакна дека постојано имаат проблем со нив. Нагласи дека веќе се направени 20-ина акции, неколку пати ги имаат и казнувано, но се уште не наидуваат на разбирање. Додаде дека денеска во соработка со полицијата ќе излезат на терен.

Инаку екипата на телевизија Плус се обиде да направи видео снимки од продажбата на  дивите продавачи, но наиде на закани за физичка пресметка, кршење на камерата и други навредливи зборови.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)