ДИК: Вкупно 8.791 лица се провериле во Избирачкиот список

Заклучно со вчерашниот ден вкупно 8.791 лице се провериле во Избирачкиот список, информираат денеска од Државната изборна комисија.

-Вкупно 8791 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во избирачкиот список, 15 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и девет барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК.

Постапката за увид во Избирачкиот список ќе трае до 9 септември. Локалните избори се закажани за 17 октомври.

 

Коментари

коментар(и)