ДИК: Ќе се гласа со заштитна маска

На 15 јули нема да може да се гласа без заштитна маска согласно задолжителните препораки за заштита од ковид-19. Според Државната изборна комисија, секој гласач е должен да држи растојание од 1,5 до 2 метра пред објектот и влезот на самото гласачко место. Пред влегување и на излегување од гласањето, граѓаните ќе мора да ги дезинфицираат рацете, посочува Срѓан Ивановски, сертифициран обучувач на ДИК..

– Граѓанинот кога ќе се упати на гласачкото место тој е задолжен задолжително со себе да носи заштитна маска која што ќе ги прекрие лицето, носот, устата. Понатаму кога ќе се упати на гласачкото место тој се упатува на член на избирачкиот одбор кој што најпрво ќе му каже да ги дезинфицира рацете со средство за дезинфекција на рацете, понатаму ќе го провери со УВ ламба. Член на избирачки одбор ќе му ги провери документите за лична идентификација при што во тој момент гласачот треба да ја тргне маската од лице, а потоа повторно да ја врати назад на лицето. Битно е да се знае дека за секој граѓанин неоходни се два документа за лична идентификација за остварување на гласачко право, валидна важечка лична карта и важечка патна исправа. По пронаоѓање на лицето во соодветниот избирачки список се потпишува во определената графа, се става отпечаток од десен показалец, понатаму се насочува на член на избирачки одбор кој што ќе му исцепа внимателно од кочан гласачко ливче, ќе му стави печат на предната горната страна, се прска со УВ спреј, ќе се насочи  кон гласачкиот параван и без никакво поголемо задржување со заокружување на редниот број на една од кандидатските листи предвидени за овие избори ќе го оствари своето демократско право за гласање загарантирано со Уставот. Понатаму го витка гласачкото ливче дискреционо, доаѓа до гласачкиот параван го пушта во гласачката кутија, си ги зема документите за лична идентификација и пред да го напушти гласачкото место задолжително по втор пат ги дезинфицира рацете. Битно е да напоменам дека граѓанинот кога доаѓа на гласање двапати ги дезинфицира рацете, пред и по гласање на избирачкото место. На  гласачкото место  се задржуваат онолку гласачи колку што има гласачки паравани има во просторијата, пр.ако е еден параван, еден гласач, два паравана- двајва гласачи итн. Сето тоа го регулира избирачкиот одбор, тој е задолжен за одржување социјална дистанца , како помеѓу членовите на избирачките одбори, така и за овластените претставници на подносители на листи и за гласачите, изјави Срѓан Ивановски, сертифициран обучувач на ДИК..

Од ДИК велат дека ќе се обезбедат сите услови за безбедно гласање и ги повикаа граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита.

Сакам да упатам апел до сите граѓани да ги повикам сите да излезат на гласање доколку сметаат дека треба да го остварат своето гласачко право , секој ќе си ги почитува однапред определените  заштитни мерки така што нема никаква опасност за да едно лице излезе и го оствари своето гласачко право, изјави Ивановски.

Според препораките, ДИК е должна пред и после завршувањето на гласањето во просторите да го дезинфицира секое избирачко место.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)