Диме Спасов во посета на „Тушевски“

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ја посети чевларската фирма „Тушевски“ во Куманово која ангажира 180 вработени од кои 57 се млади лица вработени лани и во тековната година. Спасов, заедно со пратеникот Зоран Ѓорѓиевски и претставници од државни институции ја посети фирмата за да се информира  дали фирмата ги користи мерките  за вработување.

Тој потсети дека мерката започнала да се реализира во март 2014-тата година.Со проектот за вработување на млади лица до 29 години започнала и иницијативата за воведување на проектот „Македонија вработува“.

-Оваа мерка за вработување на млади лица до 29 години со значително ослободување на трошоците кои ги имаат работодавачите,приватните компании за отворање на нови работни места,односно ослободување од дури 37% од бруто платата за отплаќање на придонеси за секое нововработено младо лице до 29 години,цели 12 месеци со обврска да ги задржат на работа дополнително 12 месеци„- изјави Спасов.

 

„Проектот „Македонија вработува“  ќе се реализира до 15-ти април годинаваа а, како што наведе,Спасов,заклучно со четвртиот квартал невработеноста изнесува 24,6 %.

Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски смета дека политичарите треба да работат на намалување на невработенсота во градот.

 

-Куманово важи за чевларски бренд во Македонија и пошироко,така што мерките кои Владата ги дава за локалните стопанственици,дојдовме да ја чуеме и другата страна,искуствата на стопанствениците во примената на овие мерки и ниво државата вните сугестии за подорбување на соработката меѓу Владата и стопанствениците и нивните идеи за да оваа соработка биде многу поефикасна во смисла на вработување на млади луѓе за да намали стапката на невработеност и да не биде на рекордно ниво на кое беше изминативе годин-изјави пратеникот Ѓорѓиевски.

-Во текот на изминатата година и во оваа година имаме вработено 57 лица млади до 29 години.Сега имаме конструирано план за вработување на 10 лица преку мерката за поддршка на брзорастечки фирми-газели-изјави Тушевски.

 

Компанијата ги извезува производите на германскиот пазар за познат бренд. Тој апелираше до бизнисмените да ги користат мерките за вработување кои носат бенефит и за компаниите и влијаат на намалување на невработеноста во општината.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)