Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во врска со крвавиот упад во Собранието кој се случи на 27 април 2017 година со насилство врз пратениците истакна дека поминале пет години, а за жал многу работи останале исти, а некои дури отидоа и на полошо.
„Правдата не смее да биде селективна, или казна за сите или пак амнестија за сите, за жал како и секогаш заглавија само подредените и подведените додека сценаристот, режисерите и политичарите повторно се извлекоа и спогодија. Историјата и идните генерации ќе судат кој правилно постапи. Никогаш да не се повтори!“, рече Димитриевски.