Димитриевски: Имаме решенија за земјоделците

Кандидатот за пратеник од социјалдемократскиот сојуз на Македонија во изборната единица 2, Максим Димитриевски денеска пред Зелениот пазар презентираше дел од мерките од Планот за живот во Македонија, кои се однесуваат на земјоделството. Тој најави поддршка од 50 проценти за купување прво стадо добиток и поефтина нафта. Додаде дека според планот на СДСМ земјоделците ќе можат три години бесплатно да користат земјиште, а дури по четвртата година е предвидено да плаќаат надоместок.

-Земјоделецот денеска е жртва на бирократската процедура. Секој од нив додека поднесува барање за субвенција од околу 100 евра кои што ги добива на годишно ниво во континуитет гледаме од седниците дека најголемиот дел што го користат од државното земјоделство земјиште седат во фотелја и добиваат стотици илјади евра како субвенција. СДСМ има намера земјиштето да го врати кај вистинските земјоделци. Почитувани граѓани сето ова ќе го направиме заедно, затоа апелирам до Вас да излезете гордо и достоинствено и да ја дадете поддршка на СДСМ и на нашите коалициски партии на претстојните избори на 11-ти декември-истакна тој.

Димитриевски посочи дека ќе има многу повеќе субвенции за овошни и лозови насади, а истите ќе бидат навремени и ќе се добиваат за секој хектар земјиште.

Коментари

коментар(и)