Димитриевски: Младите да бидат гласни и борбени

„Со отворањето на првиот младински центар во Куманово , со вложување во спортски капацитети, предлози, идеи и сугестии, покажавме што значи младите лица да имаат доверба и вистински партнер во институциите кои работат за интересите на младите“, напиша на ФБ, градоначалникот Максим Димитреивски, по повод Меѓународниот ден на младите.

„Младите најдобро знаат што е потребно за нив, но и за демократските процеси во кои тие се рамноправни со сите чинители во општеството. Токму затоа, Општина Куманово назначи и службеник за млади, со цел овозможување на подобри услови за младите и поголема вклученост во локалните политики“, стои во објавата.

„Денешниот Меѓународен ден на младите го одбележуваме со реализација на проекти за подобар живот кои не запираат тука. На сите млади им порачувам да бидат гласни и борбени, да бидат упорни во своите замисли и најважно, да знаат дека имаат сојузник кој секогаш ќе го слуша нивниот глас“, објави Димитриевски.

 

 

Коментари

коментар(и)