Димитриевски најави низа мерки за стопанството

Кандидатот за пратеник во втората изборна единица од редовите на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата, Максим Димитриевски денеска на прес конференција најави низа мерки за подобрување на состојбата во стопанството и домашната економија.

Според Димитриевски, државата сега е најголемиот должник на домашните компании и најави дека во првите 100 дена од новата Владата ќе се објават роковите за исплаќање на сите заостанати долгови.

Ќе дадеме еднакви можности во бизнисот како на домашните така и на странските инвеститори и никогаш повеќе македонското стопанство нема да биде ставено во втор план. Ќе ги ослободиме и подобриме амбиентите во кои што ќе се инвестира нашиот капитал, ќе ги намалиме драконски високите казни и давачки и првин ќе се добива опомена, а потоа ќе се плаќа двојно помала казна од ова што е на сила. Ќе ја намалиме фирмаираната со претпријатијата кои што имаат помалку од пет вработени. Државна поддршка за подобро платени работни места, полесно да се дојде до сопствен бизнис во Република Македонија – вели Димитриевски.

Според Димитриевски, целта на овие мерки да го зајакнат и стимулираат микро, малото и средно стопанство во државата за да се модернизира економијата.

Формираме старт ап центри за полесно отварање на бизнис во Македонија. Бесплатен деловен прсотор и услуга за новоосновани компании, основање на трговско друштво со главнина од едно евро се со цел да се користат основните средства на фирмата во самиот бизнис како средства за обрти и уште многу мерки помеѓу кои и добивање на кредити во износ до 15.000 евра од страна на кандидатите со 1% годишна камата – додаде Димитриевски.

Како што потенцираше Димитриевски во недела ќе се направат промени во Република Македонија, а за таа цел ја побара поддршката од граѓаните на Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)