Градоначалникот на oпштина Куманово Максим Димитриевски вчера оствари работна средба со заменик амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џефри Голдстајн и неговите соработници. На средбата се разговарало за функционирањето на локалната самоуправа, како и за претстојната работилница, која ја организираат Националниот Демократски Институт – Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Работилницата е на тема „Обезбедување кохезија – градење соработка, транспарентност и отчетност во општинското управување”, на која ќе присуствуваат градоначалникот Димитриевски, претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и советници.
Димитриевски на средба со заменик амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
