Димитриевски на средба со претставници на ромската етничка заедница

По повод 8-ми Април, Меѓународниот ден на Ромите Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска се сретна со претставници на ромската етничка заедница. На средбата, честитајќи им го денешниот празник, потенцираше дека општина Куманово  ќе продолжи да прави напори за реализирање на определбите за зајакнување на социјалната и економска вклученост на Ромите во општеството. Ромската етничка заедница со  цврстата определеност за соживот и меѓусебно почитување е важен дел од развојот  на општеството. Во оваа прилика беа доделени и награди на најдобрите учесници на одржаниот турнир во фудбал, кој традиционално секоја година се одржува по повод 8-ми Април.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)