(ВИДЕО) Димитриевски: Нови капацитети на Домот за стари

Ќе продолжи подобрувањето на условите во Домот за стари лица, „Зафир Сајто“, а ќе ги прошириме и капацитетите, вети кандидатот за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Максим Димитриевски. Најави и доградба на капацитетите на домот на пензионери.

– Поразговаравме за нивните потреби и услови во кои тие секојдневно функционираат, сакам да најавам во рамки на следните четири години дека ќе вложиме и инвестираме средства за проширување на овој капацитет и овој дом за стари лица кој е еден од најдобрите во државата. Во минатото се инвестирани сериозни средства, изградена е нова кујна, нови трперзарии и реконструкција на постоечките соби и дополнително отворање на уште еден ваков капацитет на локација Проевце, изјави Димитриевски.

Коментари

коментар(и)