Димитриевски: Одговорните да спроведат уредна и легитимна истрага

Димитриевски во изјавата дадена на медиумите во Скопје , апелира до најодговорните во државата да спроведат уредна и легитимна истрага и час поскоро да го расчистат случајот бидејќи, како што кажа, она што вчера се случи веројатно се случува на многу места, но луѓето молчат.

– Добив неколку неофицијални информации дека дел од напаѓачите се припадници од Министерството за внатрешни работи. Поставувам прашање до одговорните дали лицата кои што вчера извршија физички напад на нас согласно постапката веднаш им е направен алкотест на истите и дали се спроведени во полиција да им биде земен уредно исказ. На самиот настан имаме поголем број на присутни гости на видно место обележано за организирање на приватна семејна забава, се случи класичен упад од страна на насилниците. Апелирам до органите да го расчистат случајот што поскоро. Штом одредени лица си дозволиле да поседуваат државна легитимација и да бидат тие кои што ќе го спречуваат криминалот сметам дека е недозволиво во едно демократско општество и во една сериозна држава да истите го кршат и нарушуваат законот, изјави Максим  Димитриевски, пратеник во Собранието на РМ

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)