Димитриевски: Општината ќе организира заедничка матурска забава

Заедничка прослава за сите матуранти без разлика на етничка, верска или друга припадност ќе организира општина Куманово на 31 мај годинава во дискотеката Спејс, најави градоначалникот Максим Димитриевски на денешното обраќање пред кумановските матуранти во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“. Димитриевски упати неколку пораки до матураните. „Бидејќи живееме во космополитско мултиетничко општество , ќе мора нашите различности да ги искористиме како предност и да градиме една заедничка иднина во рамките на една заедничка Европа“, потенцираше Димитриевски.

-Јас бев последната генерација во Општина Куманово која што на ист настан, на иста прослава сите матуранти беа на едно место и учениците од македонските и учениците од албанските паралеки. И јас почитувани мои матуранти заедно со вашите професори повторно сакам во нашиот град да го донесам тоа. Живееме во ист град, се бориме за една иста заедничка иднина а тоа е убаво просперитетно Куманово и РМ, изјави Максим Димитриевки, градоначалник на Куманово.

Токму со учеството во квадрилот  матурантите ќе испратат порака дека Куманово сака да биде составен дел на Европа, додаде  Димитриевски.

-Но притоа сакам да напоменам – влезете во процесот на образованието, собирајте знаења, но и искуства, немојте да се штедите себе си, но немојте ни притоа да се потрошите себе си до максимум, изјави Димитриевски.

Оваа учебна година завршуваат 1250 матуранти во Куманово.

Коментари

коментар(и)