Димитриевски: Паркингот пред базенот нема да се наплаќа

„Ниту е планирано, ниту ќе биде предмет на наплата паркингот просторот пред Градскиот базен“, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Максим Димитриевски, што се одржува по повд, како што  потенцира, шпекулации од страна на опозицијата за да се стави црна дамка на локалната власт.

Доколку се донесе таква одлука, таа треба да биде донесена на Советот на Општина Куманово, посочи Димитриевски .

-Од моја страна нема таква иницијатива, а општината планира да го врати стариот сјај на таа локација, со реконструкција на сите постоечки објекти кои се вратени на владение на општината со одлука на владата. На оваа локацијата општината планира да ги врати старите кошакарски терени, но притоа и да се изведе одредени рампи за да ги спречи сите оние кои го кршат законот да ги паркираат своите тешки товарни возила на оваа локација, изјави Димитриевски.

„Со ова сакам да ставам крај на сите шпекулации на сето она што во јавноста се пушти како шпекулација, пред да се побара изјава од моја страна или официјален претставник од општината“, рече Димитриевски.

Градот, како што вели градоначалникот, има сериозни проблеми со сообраќајот , има повеќе од 27.000 возила, мал број на паркинг места, слаба и лошо развиена сообраќајна инфраструктура, поради што доаѓа и до одредени непопуларни мерки, како што се постапката за дислокација на монтажните објекти на улицата „11 Октомври“ .

-На истата сообраќајница е планирано да се бајпасира самата улицата „11 Октомври“ со директен пристап до улицата „11 Ноември“ и по целата нејзина должина да се вцрта времено паркирање за возилата со што ќе се воведе втора зона на паркирање, а паралено со тоа ќе го ставиме во употреба и новоизградениот паркинг простор пред административната зграда на МВР во Куманово, а тоа е поранешниот дом на АРМ со што ќе дадеме можност на граѓаните кои живеат таму, а немаат паркинг простор, да можат по повластена цена да ги користат за паркирање, како и граѓаните кои доаѓаат во административната зграда на МВР, појаснува градоначалникот.

Градоначалникот најави и изградба на нова монтажна катна гаража на локалитетот Серава, а ќе се поставуваат и столпчиња  булеварот „Трета МУБ“, Како чисти шпекулации Димитриевски ги оцени и информациите пласирани на седница од страна на еден советник дека ќе се затвори основното училиште „Вук Караџиќ“ и дека таму ќе се префрлат учениците од Гимназијата „Сами Фрашери“.

– За такво нешто никогаш не се зборувало, ниту пак може да стане збор бидејќи првенствено не постојат законски услови за нешто такво. Идејата за решавање на проблемот со „Сами Фрашери“ и паралелките на албански наставен јазик од Техничкото училиште се решаваат во соработка со ресорното министерство и ние сакаме тој проблем трајно да го решиме, бидејќи сметаме дека ученици во оваа училиште учат во несоодветни и многу лоши услови, но општината сама нема капацитет финансиски да го надмине и реши овој проблем и дадена е иницијатива до Министерството за образование и наука, на постоечка локација во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ каде веќе има мал училишен комплекс, да се изгради нов објект, за кој општината има решение или да се реконструира еден од постоечките објекти, рече Максим Димитриевски.

Нашите планови за постоечкиот објект „ЗИК“ се кога во иднина општината ќе има доволно средства истиот објект  да го користи за административни потреби на општината и сметаме дека дел од општинските служби и државни институции би било најсоодветно да бидат лоцирани на оваа локација, која дополнително може да биде доизградена со дополнителни паркинг места. Сепак решението е во ресорното министерство, изјави Димитриевски .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)