Димитриевски: Поддршката ја барам од сите граѓани

Поддршката ја барам од сите граѓани, без оглед на која политичка определба и националност припаѓаат. Нема да ги делам граѓаните по никаква основа, да ги ставиме политиката и личните интереси на поединци во втор план. Концептот „За наше Куманово“ е за сите, истакна независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

„Не сакам да се впуштам во коментари и на индивидуални ставови на поедини претставници на политички партии, само сакам да потенцирам дека концептот „За наше Куманово“ е од граѓаните и за граѓаните. Ја почитуваме бројката и поддршката којашто ја добивме во првиот круг, која беше најмасовна и убедлива за нас како концепт и за мене како градоначалник. Продолжуваме во вториот круг и бараме поддршка од сите граѓани на општина Куманово, без разлика кој на која политичка опција и припаѓа. Затоа што ова е опцијата која работи од граѓаните и за граѓаните. Нашата цел како концепт е да ја ставиме политиката, личните и политичките интереси на поединци кои ги имаат узурпирано политичките субјекти во втор план, а да работиме исклучиво во интерес на граѓаните за да може Куманово рамномерно да расте и да се развива како еден модерен и урбан град“, рече Димитриевски.

Коментари

коментар(и)