Димитриевски: Се реализираат капитални проекти

Целосна регулација на речното корито со поврзување на пешачки патеки и простори за рекреација  е еден од капиталните проекти од изборната програма на градоначалникот Максим Димитриевски  Живот во Куманово! За сите , кој што веќе се реализира. Со завршување на овој проект во рок од осум години, како што е наведено во програмата ќе се реши  проблемот со повремено излевање на реките од речните корита кои предизвикуваат големи материјални штети , а воедно го загрозуваат и квалитетот на животот на луѓето и животните. Димитриевски деновиве го најави и почетокот на новото  сообраќајно решение- изградба на современи катни гаражи во централното градско подрачје.

-Ние веќе реализираме капитални проекти. Ја завршивме втората фаза на уредување на речното корито од делот мостот на Средорек па до стадионот Башкими. Во следниот период ќе продолжиме со првата фаза таму каде што сопревме. Паралелно со тоа во фаза сме на чистење на речното корито кое што во одредени делови се чисти за првпат после изградбата на самото речно корито и воедно најавувам во тек е постапката за избор на понудувач и изведувач на катната гаража во централно градско подрачје пред центарот за култура.  Првата фаза е помината, верувам дека во понеделник, (17.09. 2018) ќе следи електронската постапка за јавно наддавање. Ќе биде изберен понудувач и веднаш потоа ќе потпишеме договори и ќе се пристапи на извршување на работите. Паралелно со тоа течат и тековните активности во делот на решавање на комуналните проблеми кои што морам да констатирам , ги има многу, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Она што граѓаните го очекуваат наредниот период е реализација на сите најавени капитални проекти , водоснабдување на општината со изградба на цевковод Куманово Липково, справување со отпад и дислокација на постоечката депонија , довршување на мрежата  за гасификација, нови детски градинки и проширување на постоечките капацитети, но и развој на индустриската  зона во месноста Речица и Новине.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)