Димитриевски со остра нота кон предлогот на Љубчо Георгиевски

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, реагираше за предлогот што го даде поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за тоа како да се реши спорот со Бугарија.

„Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ.

Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите Македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на Македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот.

Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот Македонски народ.

– Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утврди одговорност за ваквиот предлог, кој е против уставен, да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок. Како еден од многуте граѓани во државата, и јас секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивставам на ваквите утопистички ставови“, напиша Максим Димитриевски во својот фејсбук статус, цитирајќи го големиот учител Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди, како Македонскиот”.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)