Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ја напушти седницата на советнички прашања откако со претседателката на Советот , Атина Мургашанска, двајцата од СДСМ, се скараа околу деловникот и правилата за водењето на седницата и правото на советниците да ги коментираат неговите одговори.
Димитриевски побара од Мургашанска да не им дозволува на советниците премногу да се изјаснуваат по неговите одговори и да водат политика, бидејќи тоа не го дозволува процедурата.