Димитријевиќ: Бев уценуван со монтирани фотографии

Откако вчера дел од националните портали објавија фотографии на кои се гледа ликот на директорот на кумановската Гимназија „Гоце Делчев“, Горан Димитријевиќ, а веднаш до нив и фотографии со експлицитна содржина кои наводно се објавени на неговиот профил на социјалните мрежи следуваа низа реакции од граѓаните.

Меѓутоа, директорот Димитријевиќ вели дека е жртва на некој што претходно му ги испратил фотографиите и се обидувал да изнуди финансиски средства во износ од 8.500 евра. Откако директорот не одговорил на таквите уцени, бил креиран и фејсбук профил со негово име и презиме и фотографии кој започнал да ги додава неговите пријатели. Подоцна го хакирал и неговиот профил по што фотографии од неговиот лик залепени со фотографии од експлицитна содржина биле објавени јавно.

Тоа не се мои фотографии, тоа е мојот лик, до мојот лик има поставено фотографии со непримерна содржина, значи целосно е украден мојот профил, го ставив во мирување во понеделик наутро, но бидејќи случајот утринава е пријавен во полиција, го активирав. Тој лажен профил со мојот лик ми нуди и на мене пријателство и на мои пријатели им нуди пријателство. Има една слика со мојот син таму од годишен одмор и таа слика ја користи заедно со овие непримерни фотографии и ги поставува, па кој прифати му излегуваат веројатно сите фотографии со непримерни содржини – рече на денешната прес конференција Горан Димитријевиќ, директор на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

Случајот утринава околу 11 часот директорот на кумановската гимназија го пријавил во полиција, но не гледа каква би била мотивираноста за објавување на фотографии со негов лик имонтирани фотографии со експлицитна содржина.

Во текот на вчерашниот ден ми се јавија многу пријатели и ми даваат поддршка, јас немам непријатели и во државата и во градот и не знам каков е мотивот освен уцена, не знам дали тоа што стоеше на профилот дека сум директор таму и што знам поранешен тренер, кошаркар поврзано со некои финансии не знам што да ви кажам – додаде Димитријевиќ.

Утринава директорот бил и на разговор кај својот работодавач, градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски со кој се консултирал како да се постапува по случајот.

Директорот вели дека не била побарана негова оставка, но од морални причини размислувал за таква постапка. Не гледа политичка конотација, иако случајот беше искористен во текот на вчерашниот ден за такви реакции. Од Министерството за образование немало никакви реакции и насаки како да постапува, ниту пак била инспратен инспекција. Димитријевиќ вели дека е жртва во целиот случај и дека ќе треба да се докаже кој го злоупотребил неговиот идентитет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)