Димковска: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ гарантира квалитетно образование

Зголемување на средствата за образование од 3,7 проценти на пет проценти од БДП, запирање на одливот на работоспособни кадри и осигурување на квалитетот во образованието преку поврзување на стандардот на квалификации и пазарот на трудот со образовните програми, но и пет проценти годишно покачување на платата на наставнот кадар, како и зголемување на средствата за наука за минимум 1 процент од БДП-то, се само дел од приоритетите кои што ги издвојува ВМРО ДПМНЕ во својата програма. Бројните проекти на ВМРО-ДПМНЕ гарантираат квалитетно образование кое создава човечки капитал и кое ќе биде значаен фактор за развивање стабилно и модерно општество во кое владеат правото, демократијата и човаковите права, посочи на денешната прес конференција канидатката за пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија од Куманово, Кети Димковска.

-Вистински реформирано и на здрава основа поставено образование, претставува суштински двигател за остварување на долгорочните цели и проекции во областа на општествениот и личниот развој на граѓаните, одржливиот економски раст, унапредување на демократијата, и развојни политики за подобар живот во државата. Квалитетно образование приспособено за потребите на пазарот на труд и потребите на општеството воопшто, подразбира создавање на фундаментални предуслови за градење на иновациски капацитети и развиена иовациска инфраструктура.

Димковска нагласи дека по 15-ти јули ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава бројните проблеми поврзани со инфраструктурата,  слабиот квалитет покажан на меѓународните тестирања, отсуството на поддршката на научни истражувања, условите за настава на учениците со посебни потреби и други недостатоци.

-Доаѓа време, кога треба сите заедно со сите наши капацитети, да ја отпочнеме обновата во која образованието ќе биде еден од главните приоритети. По 15-ти јули, кога Коалицијата За обнова на Македонија ќе извојува убедлива победа ќе бидеме сведоци на враќање на оптимизмот во Република Македонија-нагласи таа.

Димковска ги повика кумановци да излезат и да гласаат за бројот 14 за кандидатската листа на Коалицијата За Обнова на Македонија, за да Македонија се трансформира во успешна и просперитетна држава.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)