Дискусија „Рурален развој-урбани перспективи“

Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, професори од Факултетот за земјоделство и храна, секторот за ЕУ интеграции во општината, и различни граѓански организации, денеска дебатираат за предпристапните преговори за членство во ЕУ, но и прашања кои би го забрзале развојот на руралните средини.

„Европските интеграции во Североисточниот плански перспекти, Рурален развој-урбани перспективи“ е насловот на денешната панел дискусија која што ја организираше Европското движење во Македонија (ЕДМК) во партнерство со Општина Куманово, како и граѓанските здруженија Алда од Скопје и ЗФР од Велес и Рурална коалиција од Куманово. 

На дискустијата на која присуствуваа експерти од областа на земјоделството, претставници на институции и општината, се споделија искуства од истражувањата, но и се нематнаа прашања кои би го забрзале развојот на руралните средини.

Професорот на факултетот за земјоделство и храна, Ордан Чукалиев, посочи дека државата навистина прави многу во оваа област. Нагласи дека постојат бројни мерки од Европската унија, кои активно се применуваат, но сепак има и доста недостатоци на кои што треба многу да се работи. Тој се осврна на лошите климатско почвени услови во државата, поради кои не сме доволно конкурентни на пазарите надвор во светот, образованието во кое има се помалку заинтересирани средношколци и студенти за земјоделство, но и стареењето на популацијата.  Според него не се доволни само стимулативните мерки.

Инаку дискусијата е дел од проектот граѓанските организации во служба на локалната демократија финансиран од ИПРАД програмата,

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)