ДКСК: Област со висок ризик за корупција може да биде финансирањето на спортот

Државната комисија за спречување на корупцијата во однос на предметот со наводи против градоначалникот на Куманово за злоупотреба на неговите овластувања со трошење пари на незаконски начин за лични потреби и за негови блиски лица, кои не биле вработени во општината донесе заклучок дека исплатата и распредлебата на средствата за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година не е транспарентна. Заклучи и дека е нејасно како се распределени средствата во спортските клубови и дали се финансирани други рекретативни спортски активности на граѓаните, кога сите средства се исплатени директно на Општинскиот Сојуз на спортови.

Неофицијално, од кабинетот на градоначалникот ни најавија дека во следните денови ќе излезат со прецизни и документирани факти за овој случај и ќе ја информираат јавноста, со акцент на тоа дека секоја изведена активност е направена во склад со постојните и важечки  законски прописи. Телевизија Плус ќе ги следи и понатаму сите активности и изјави поврзани со овој случај.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)