Доделени потврди за учество на образовни асистенти

Општина Куманово во соработка со Центарот за рурален развој Бујрум од Куманово  и Програмата за развој на Обединети нации (УНДП), ја спроведе  програмата Општинско корисна работа, во рамките на проектот „Креирање можности за работа за сите”.

Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Агенција за вработување.

Во проектот беше  предвидено ангажирање на 20 лица, кои ќе работат како образовни асистенти, по 20 часа неделно за период од 6 месеци. Беа опфатени четири основни училишта, односно „Христијан Карпош”, „11 Октомври”, „Браќа Миладиновци” и „Крсте Мисирков”.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски денеска им додели потврди за учество и успешно реализирана работа на 20-те ангажирани лица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)