Доделени решенија за субвенции за комунални давачки на 78 лица

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска на 78 лица, самохрани родители,семејства во кои едниот родител е починат,  каде татковството не е признаено, а  кои имаат деца, вклучително и ученици и студенти и додели решенија за субвенции за комунални давачки кои ќе изнесуваат 1.200 денари.

Субвенцијата изнесува 900 денари за вода и 300 денари за ѓубрарина на месечно ниво. Тој посочи дека од општинскиот буџет до крајот на годината за оваа намена ќе бидат одвоени 374.000 денари.

Димитриевски пред присутните истакнаа дека средствата и претходно биле доделувани на социјално ранливи категории граѓани, односно на стечајците кои сега добиваат месечен надоместок од државата. Како ќе се намалува нивната бројка, така ќе расте и бројката на корисници на оваа категорија  граѓани кои ќе добиваат ваква субвенција.

Имено општината објави повик на кој се пријавиле 126 кумановци.Согласно, финансиските средства на општината не се опфатени родителите кои се разведени и добиваат алиментација. Во рамки на можностите, општина Куманово, ќе продолжи да се грижи за социјално ранливите категории граѓани.

 

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)