Доделени сертификати за завршени обуки

Сертификати за успешно завршување на обуките  од машинската и електро-техничката струка добија 60 млади луѓе . Петмесечните обуки беа во рамките на завршениот проект „Инклузија на млади од социјално ранливи категории на пазарот на трудот во североисточен плански регион“. Проектот го спроведуваа техничкото училиште „Наце Буѓони “ и Центарот за развој на североисточниот плански регион.

– Младите се обучиле од електро струката за инсталации во станбени објекти,а од машинската за работа на цнц машини.Воедно, во рамки на проектот се обучувале и за подготовка на професионални биографии,за кариерно усовршување,психосоцијално и обуки за вработување. Најголем интерес имаше за обуките за компјутерско управување со машини“-изјави Денис Илиевски, координатор на проектот

-Нашето училиште стана регионален центар за обучување,па врз основа на тоа го добивме и овој проект,врз основа на резултатите на минатите проекти.Во училиштето има околу 60-тина машински,електро, инжинери, лекари, што значи голем потенцијал ,имаме сопствени работилници и придонесуваме за доброто на Куманово и на регионот“-изјави Лидија Михајловска, директор на  техничко училиште  „Наце Буѓони“

Со проектот се опфатени млади луѓе на возраст од 18 до 35 години.

-Се стекнав со сертификат за работа за управувач со цнц машини,односно комјутерско управување со машини.Се надевам  дека со новото знаење ќе успеам  полесно да се снајдам  на пазарот на трудот оти  немам работно искуство бидејќи завршив  општа гимназија, изјави Милена Ристевски од Кратово

Проектот е финансиран од ЕУ од ИПА програмата компонента четири за социјална инклузија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)