Документарен филм за ЖРК на Марјан Стошевски

Во Занаетчискиот дом утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовиран документарниот филм „90 години женски ракомет во Куманово“ во чест на големиот јубилеј на ЖРК Куманово. Автор на филмот е спортскиот новинар Марјан Стошевски.

Според Стошевски, филмот ќе го опише почетокот на клубот уште во далечната 1929 година како хазарски клуб, кој всушност се смета за претходник на ракометот.

– Во филмот гледачите ќе имаат прилика да видат ексклузивни фотографии на првата генерација на ракометарки како и за главниот иницијатор за формирање на клубот Петар Николиќ. Во документарецот ќе бидат објавени новински записи од весниците од Кралството Југославија. Понатаму во филмот ќе бидат опишани сите позначајни резултати на клубот во изминатиот период со сведочења на повеќе претставници на генерациите, изјави Стошевски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)