Документарниот филм „Инклузија“ промовиран во училишта

Документарниот филм насловен Инклузија изработен од Дневниот центар „Порака наша“ денеска повод Светскиот ден на лицата со хендикеп беше промовиран во основното училиште „Толи Зордумис“. Училиштето не е случајно избрaно туку поради фактот што е прво инклузивно училиште во општина Куманово кое што има вработено дефектолог и екипиран стручен тим кој несебично работи на проблематиката на децата со посебни потреби кои што учат во редовни паралелки.

-Низ историјата  овие лица биле третирани како граѓани од втор ред,  а сега напротив ги рушиме стереотипите и предрасудите затоа што оваа категорија на лица се рамноправни граѓани на секое инклузивно опшетство каде што се спроведува инклузивна пракса. Преку проектот на Североисточен плански регион добивме изградба на пристапна рампа, адаптирани тоалети и лифт наменети  за деца со посебни потреби, имаме опремен дефектолошки кабинет и соодветна технологија за олеснета работа при воспитно образовниот процес на овие деца, Јасмина Александар Ковачевска, дефектолог во ООУ„Толи Зордумис“

Раководството на „Порака наша “ ги повикува сите граѓани да го проследат 10-минутниот документарец кој пренесува порака дека младата популација нема стереотипи и предрасуди кон лицата со посебни потреби.  Филмот е снимен на повеќе локации во градот, а се претставени активностите кои корисниците на дневниот центар секојдневно ги извршуваат при престој во „Порака наша“.

-Ние сме навистина одушевени и пред се огромна благодарност до директорот за несебичната поддршка и помош која што ја даде при снимање на самиот филм, децата навистина внимателно го следеа филмот и имаа интересни прашања и констатаци. Филмот го имаат сите основни и средни училишта во градот и се надеваме дека денеска ќе одвојат 10 минути за да го покажат на своите ученици, изјави Фросина Симоновска, дефектолог во „Порака наша “

Според дефектолозите, за да работиш со лицата со посебни потреби неопходна е желба, трпеливост и толеранција.

-Не може секој да работи со овие деца кој што нема трепение, работата е напорна,  но кој има ентузијазам  и кој има желба да работи со овие деца ќе постигне и успех, трпение, толеранција, гледајќи ги сите деца еднакви и само тогаш можеме да чекориме кон правиот пат со оваа популација на деца, изјави Јасмина Александар Ковачевска, дефектолог во ООУ„Толи Зордумис“

Освен во Толи Зордумис , документарниот филм „Инклузија “ кој е во продукција на Телевизија Плус  денеска во присуство на членовите на„ Порака наша “ беше промовиран и во основното училиште „Кочо Рацин“.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)