Донација за интернатот во Драгоманце

Нови душеци, прозорци и врати доби интернатот во селото Драгоманце, донација од Амбасадата на Република Чешка  во Македонија. Ученичкиот дом кој што е дел од општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“  е  реновиран  пред стартот на новата учебна година, а денеска децата кои што престојуваат во него беа  посетени од чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш.

-Втор пат сме тука и ова е втор  дел од подарокот што сакавме да го дадеме на децата од интернатот во Драгоманце.  Претходно работевме мали локални проекти во други делови од државата.  Денеска се што беше подготвено, се беше изненадување за мене, а јас се радувам кога децата се задоволни. Соработката продолжува , јас останувам овде уште една година, и мислам дека за тој временски период можеме да најдеме уште нешто друго врз основа на што ќе можеме да соработуваме, можеби некоја изложба ќе  подготвиме за децата, ќе видиме, изјави Мирослав Рамеш, амбасадор на Република Чешка во РМ

Во интернатот оваа учебна година престојуваат 12 ученици од прво до деветто одделение од козјачкиот регион. Селата од кои што потекнуваат се оддалечени од училиштето и по десетина километри, а не се опфатени ниту со соодветна патна инфраструктура поради што децата од тој регион редовно секоја учебна година се сместуваат во ученичкиот дом.

-Во интернатот се опремени машката и женската спална соба со нови прозорци и врати , паркетот  е реновиран, има  нови душеци и постелнина каде ќе им биде поудобно на учениците . Ова лето работевме вредно и со помош на чешката амбасада ја реновиравме  кујната, тоалетите  и се надеваме дека ќе изнајдеме  средства  да го обновиме уште дневниот престој на учениците  каде недостасуваат ситни работи, изјави Стојка Спасовска,  директор наООУ„Христијан Тодоровски Карпош“

Во централното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ учат 80 деца, а има и четири подрачни во селата Пелинце, Челопек, Арбанашко и во Мглинце.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)