Донесена програмата за локален економски развој

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница ја усвои програмата за локален економски развој за 2020 година. Таа опфаќа различни области, подобрување на бизнис амбиентот, рурален развој, туризам, но посебен акцент има и на младите.

Членовите на Советот на општина Куманово на вчерашната седница ја донесоа програмата за локален економски развој за 2020 година. Во програмата како што информира Ахмет Јашаревски од Одделнието за локален економски развој, се предвидени 13 проекти. Годишниот буџет изнесува 23 милиони денари, при што општина Куманово учествува со над 3 милиони денари, а останатите треба да се донесат од други донатори, Владата, Министерството за економија и УНДП. Програмата опфаќа различни области, подобрување на бизнис амбиентот, рурален развој, но посебен акцент има и на младите.

-Увидивме дека одливот на младите е доста голем, така што општината во партнерство со Агенцијата за вработување веќе работи на таа програма и Владата финансира за самовработување. Тоа е еден дел каде што ние сакаме да ги задржиме младите во општината и воедно планираме во самата програма да се отвори бизнис инкубатор. Тоа е новина досега немаме такво реализирано и мислам дека општината во парнерство со агенцијата за вработување и фондацијата за развој на мали и средни претпријатија тоа заеднички ќе го работиме. Веќе имаме аплицирано проект очекуваме да ни се одобри, дел од тоа општината ќе финансира и мислам дека ќе дадеме придонес за младите кои ќе отворат свој бизнис во тие програми да им помогнеме-посочи Јашаревски.

Анализите покажале декa првите две години се критични за младите бизнисмени, па затоа во програмата е предвидена помош во областа на маркетингот, сметководствените услуги и другите потреби, кои што центарот би можело да ги овозможи. Од одделението информираат дека до јуни би требало да се реализира и стратегијата за туризам, за која веќе се одобрени финансиски средства од Министерството за економија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)