Донирани апарати и прекривки во болницата

Компанијата Жито лукс денеска донираше медицински апарати, инвентар, постелнина, пижами за деца и слично на детскиот оддел, при Општата болница.  Од компанијата посочија дека донацијата е со цел подобрување на условите во одделот. Нагласија дека акцијата е резултат на повеќемесечни заложби и посветеност.

-Морам да признам дека нашата мисија немаше да биде целосна доколку ја немавме поддршката од граѓаните на Куманово кои од самиот почеток па до крајот не подржуваа и учествуваа во оваа донаторска акција. Тоа е знак дека компанијата Жито лукс како производител ја ужива довербата кај граѓаните на Куманово и да продолжиме во истата насока и понатаму да учествуваме во слични вакви активности-истакна Сашка Неделкова од компанијата Жито лукс.

Од болницата се заблагодарија за неопходниот болнички материјал и апелираа и другите компании да учествуваат во вакви хуманитарни акции.

-Ова е голема помош за нашата болница конкретно за детското одделение со ова ќе бидат подобрени здравствните услуги, и грижа и нега за болните деца и за одделението, а поинаку децата ќе имаат подобри услови за ова им се заблагодарувам на нашите сограѓани и поеднакво на Жито лукс за оваа голема донација ние се надеваме дека во иднина и другите граѓани ќе имаат слична иницијатива и ќе ни помогнат како болница-истакна директорот на болницата Ариф Љатифи.

Во Општата болница Куманово здравствени услуги добиваат околу 250.000 граѓани од североисточниот регион.

 

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)