Донирани перници и топломери на инфективно одделение

Аптеки Каизер денеска донираа перници и топломери на инфективното одделение при Општа болница Куманово. Од компанијата посочија дека донацијата е во рамки на хуманитарна акција која што се уште е во тек, а ова е само прва донација.

-Во координација со надлежните од болницата и со инфективно одделение според нивните потреби, ова е само прв дел од донацијата од хуманитарна акција која што се уште тече. Сега дониравме перници и дел од апарати, топломери-посочи Сашка Денковска Петковска, сопственик на компанијата.

– Аптеки Каизер како општествено одговорна компанија и која што е концентрирана и фокусирана на самиот клиент, излезе во пресрет на потребите на инфективно одделение. Преку самото купување во аптеки Каизер дел од парите се донираат на инфективно одделение-дополни Ивица  Петковски, сопственик на компанијата.

Од болницата се заблагодарија за неопходниот материјал и апелираа и другите компании да го следат овој пример.

– Знаејќи дека сите сме потенцијални пациенти во оваа болница, а пред се голем дел од граѓаните завршуваат и на инфективно одделение ова уште повеќе ни значи затоа што секогаш има потреба од одредена донација, односно одредени средства за нормално функционирање на инфективното одделение. Се надевам дека оваа акција ќе продолжи, дека ова е само прв дел од донацијата. Им благодарам пред се на нив како општествено одговорна компанија, а потоа и на сите граѓани кои се вклучија во оваа акција, купувајќи производи од Каизер аптеки. Се надевам дека и другите компании ќе се вклучат во вакви акции и ќе донираат дел од своите средства на нашата болница како таква, затоа што Општа болница Куманово опфаќа голем број на пациенти, покрива голем регион на жители и ако се земе предвид дека тука доаѓаат пациенти и од Крива Паланка, Кратово, потребите и значењето на ваквите донации е доста важно-посочи началничката на инфективното одделение, примариус доктор Сунчица Јосифова.

-Оваа е многу убав гест од менаџерите на аптека, навистина заслужува посебно внимание и благодарност и нека послужи како репер и на другите компании ние сме голема болница регионална и сепак за жал состојбата е таква, каква што е и не може во секој момент да има се на располагање-дополни главната сестра на инфективното одделение,  Весна Саздовска.

Во Општата болница Куманово изминатиов период се реализираа и донации за другите оддели.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)