Доставени локации за бесплатно изборно рекламирање

Секторот за урбанизам и комунални дејности до државната изборна комисија има доставено локации како можно место за бесплатно политичко рекламирање. Освен локации,  доставени се и податоци кои што биле побарани од ДИК, информира раководителот на надлежниот сектор, Лидија Ланг Спасовска.

-Ние имаме определено согласно одлука на совет локации каде што сите политички партии можат бесплатно да се рекламираат и тие се доставени до дик, меѓутоа во овој допис исто така по нивно барање  се доставени и  сите сопственици , односно податоци за сите сопственици на рекламни паноа кои што се распространети на територија на општина куманово.  Доставени се како локации со точно прецизирана нивна положба И оние фирми кои што во моментот ги стопанисуваат оставени се нивните контакт телефони, така што целокупната постапка е спроведена од страна на дик, изјави Лидија Ланг Спасовска , Сектор за урбанизам и комунални дејности

Раководителот Ланг -Спасовска, потенцира дека нивните обврски биле завршени пред еден месец.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)