(ВИДЕО) Доцевска Божиновска: Ќе ги реставрираме спомениците од НОБ

Ќе се посветиме на целосно реставрирање и одржување на спомениците од НОБ, порача на денешната прес конференција од Менкова колиба, носителката на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Елена Доцевска Божиновска. Таа заедно со потпретседателот Владо Мисајловски, пратеникот Бране Петрушевски и други активности, симболично засадија седум садници, во спомен на 11-ти Октомври, Денот на народното востание, и во најава на како што рече создавање на нова иднина.

-На одбележувањето на еден ваков голем празник силно врежан во историјата на македонскиот народ од некои луѓе кои денеска најлицемерно се поклонуваат на спомениците и положуваат цвеќе треба жестоко и силно да се реагира. Меѓутоа нашите предци вградени во слободата којашто ја живееме денеска и коските нивни оставени токму за слободата која што ја живееме секојдневно, не заслужуваат ниту препукувања ниту расправии, заслужуваат едно искрено возхитување и одбележување меѓутоа заслужуваат исто така и учење и пренесување на вистински историски факти а не нивно ублажување или менување  или заборавање-изјави таа.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски честитајќи го големиот празник, рече дека со промена на локалната самуправа, ќе се уредат и сите значајни историски локалитети, кои сега се запуштени.

Коментари

коментар(и)